Последно ажурирање: јануари 2025
При регистрација и користење на Пазар123.мк, може да собираме:
Вашите лични податоци не ги продаваме ниту споделуваме со трети страни, освен во случај на законска обврска.
Телефонскиот број и е-маилот во огласот се видливи само доколку вие тоа го изберете.
Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери. Огласите остануваат видливи додека не ги избришете или истечат (1 година).
Мобилната апликација Пазар123 запишува технички податоци кога нешто ќе не успее — на пример, ако качувањето слика падне или барањето до серверот врати грешка. Записот содржи само технички податоци: вид на грешката, местото во кодот, верзијата на апликацијата, верзијата на Android и моделот на уредот.
Записот не содржи е-маил адреси, телефонски броеви, лозинки, токени, ниту тоа што сте го пребарувале. Овие податоци се отстрануваат и на уредот и на серверот пред запишување.
Записите се чуваат на вашиот уред и се испраќаат најмногу еднаш дневно, по што веднаш се бришат од уредот. На серверот се чуваат најмногу 30 дена и потоа се бришат автоматски. Не се споделуваат со трети страни и не се користат за реклами.
Google Play дополнително собира извештаи за паѓање на апликацијата (Android vitals). Тоа е под контрола на Google и на вашите поставки за споделување дијагностика во Android.
За прашања поврзани со приватноста, контактирај не.